Тадеј Ристевски е храбро седумгодишно момче со аутизам кое напредува со терапиите во Белгија.
„Борбата започна уште на тригодишна возраст со непрекината голгота по болниците и најразлични испитувања и терапии во нашата држава. Одржувањето на вниманието и концентрацијата му претставува секојдневна потешкотија во домот, во училиштето, со другарчињата на улица,а неговото отсуство на говор ја отежнува комуникацијата со сите. Но Тадеј не се откажува – ниту ние како негови родители.
Со надеж во срцата, го однесовме Тадеј во реномираниот центар Atlantis во Белгија, каде што тој започна со специјализирани терапии за подобрување на говорот и концентрацијата. Веќе по кратко време видовме мали, но значајни резултати кои ни дадоа сила и верба дека нашиот син може да направи чекор напред.
За да продолжи на патот кон зборови и разбирање, ни е потребна ваша помош. Со вашата поддршка, Тадеј ќе добие шанса за подобра иднина. Благодариме од срце,“ се вели во апелот за помош на ecrowd.mk.