еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда

Русија и Белорусија започнаа еднонеделна вежба за обука на персоналот за заедничката команда на нивната регионална група на сили, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана.

Обуката е дел од подготовките за заедничките вежби што двете земји ќе ги одржат во Русија во септември, се додава во соопштението на белоруското Министерство.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари лани, Минск досега спроведе различни воени вежби, самостојни и заеднички со Русија, засилувајќи ги овие вежби со ново оружје и воена опрема.

Неофицијалниот воен канал за следење на Телеграм соопшти дека од почетокот на годината во Белорусија од Русија е пренесена воена опрема, вклучувајќи воени авиони ловци, хеликоптери и транспортни авиони, а само во неделата се донесени осум ловци и четири товарни авиони.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елена Ристеска: Во овие тешки моменти македонската химна треба да ечи насекаде

Редакција

„Грујо наутро на суд со лисици, а попладне на Дунав со мисици“: Твитер реакции по одбивањето на Унгарија да го екстрадира Никола Груевски

Редакција

Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши

Редакција