еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши

Aеродромот „Чанги” во Сингапур најави целосно исфрлање на употребата на пасошите од почетокот на 2024 година. Тоа, според надлежните, ќе значи автоматска гранична проверка, само со помош на биометриски податоци.

– Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши. Биометриската технологија, заедно со софтверот за препознавање лица, веќе донекаде се користи на „Чанги“.

Но, новововедените методи ќе ја намалат потребата патниците повторно и повторно да ги вадат патните исправи, што ќе го олесни процесот на проверка, изјави сингапурската министерка за комуникации, Жозефин Тео во државното Собрание.

Биометриските податоци ќе се користат за создавање тн. „токен за автентификација“ што ќе се користи на различни точки – од предавањето и преземањето багаж до качувањето на авион. Во сите овие ситуации, патниците веќе нема да мора секојпат да ги покажуваат пасошите или картите на службениците.

Аеродромот „Чанги“ во Сингапур се смета за еден од најдобрите и најпрометните во светот. Опслужува над 100 авиокомпании кои летаат до 400 дестинации во околу 100 земји и области.

Стручњаците сметаат дека биометриската идентификација е иднината на воздушниот сообраќај. Во 2018 година, и Меѓународниот аеродром во Дубаи воведе биометриски „паметни порти“ што користат препознавање на лицето и отпечатоци од прсти, па го потврдуваат идентитетот на патниците во рок од пет секунди.

Технологијата за препознавање лице во одреден степен се користи и во Хонг Конг, Токио, Меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во Делхи, Индија, „Хитроу“ во Лондон, како и „Шарл де Гол“ во Париз. И во САД, големите компании, како што се „Американ ерлајнс“, „Јунајтед“ и „Делта“ експериментираат со биометриско пријавување, пуштање багаж и качување на одредени аеродроми.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

417 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Бизнисот во државно заложништво: Дури 1.011 институции и претпријатија должат 305 милиони евра

Редакција

(Фото) Закани по живот за обвинителот Јовески: „Ослободете ги новинарите на Алфа“

Редакција