еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Закани по живот за обвинителот Јовески: „Ослободете ги новинарите на Алфа“

Jавниот обвинител Љубомир Јовески вчера добил закана по неговиот живот поради конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година.

Заканата, која била испратена преку препорачана пратка и напишана на македонски и англиски јазик, како што велат од Обвинителството била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“.

– Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот.

Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Од Обвинителството најавуваат дека пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и пронаоѓање на лицето кое ја експедирало.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи до Груевски: „Многу сте Вие расположени со оглед дека ви се ближи времето“.

Редакција

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово

Редакција

На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија

Редакција