еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Светот за 10 години ќе доживее таква промена, што не се случила во изминатите 200, рече еден од најбогатите луѓе на светот, Марчело Клауре на Самитот на Македонија 2025

Инвеститорот Марчело Клауре од „Софт бенк“, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, на онлајн интервјуто со еден од најуспешните македонски бизнисмени во дијаспората и коосновач на Македонија 2025, Мајк Зафировски рече дека за 10 години светот ќе доживее таква промена, што не се случила во изминатите 200 години.

„Иднината на светот е во вештачка интелигенција, финансирање со блокчеин, криптовалутите ќе ги заменат парите. Денес, доколку сакате да испратите пари од една во друга држава, вие не го добивате целиот износ, бидејќи еден дел од него се губи низ процесот на институциите.

Во биткоин на пример, го добивате во иста секунда и цел износ. Потенцијалот во криптовалутите е огромен,“ рече Клауре на Самитот на Македонија 2025, кој вчера се одржа во хибридна форма.

Тој додава дека доколку е лидер на држава би го легализирал биткоинот, исто така, би вовел образование за децата за вештачка интелигенција, криптовалути, бидејќи тоа е иднината и сите иновации ќе бидат на ова поле.

Според Клауре, држави како Македонија или Боливија, од каде што тој потекнува, треба да  одиграат голема улога во потенцијалот со криптовалутите.

Тој додава дека Македонија е во предност од многу неразвиени или земји во развој, бидејќи има голема пенетрација на Интернет, што овозможува глобално работење без ограничувања.

Овој инвеститор додава дека како никогаш до сега, во светот има пари за да се финансираат добри проекти, односно постои жед и глад за добри и способни претприемачи.

еМагазин.мк беше медиумски покровител на овој значаен бизнис-настан, кој годинава поради пандемијата се одржа во хибридна форма. За догодина, Самитот се планира од 18 до 20 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Самит на Македонија 2025: Успешните бизнис-приказни треба да бидат мотив за постигнување на повисок животен стандард, кој зависи од секој од нас

Мојсоска Блажевски: Самит Македонија 2025 и годинава ќе опфати теми важни за нашата иднина, подобро деловно опкружување и поквалитетен живот на граѓаните

Зафировска од IT Labs: Во ковид-пандемијата, технологијата ни помогна да функционираме нормално

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Авицена Женска трка го разубави Скопје

Редакција

Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5%, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика

Редакција

МВР ќе поднесе кривични и прекршочни пријави за протестот за „Монструм“

Редакција