еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Самит на Македонија 2025: Успешните бизнис-приказни треба да бидат мотив за постигнување на повисок животен стандард, кој зависи од секој од нас

Сите зборуваат, но многу малку се прави за дигитализацијата, 32 отсто од населението има основно ниво на дигитални вештини, што е заостанување и во однос на регионот, изјави Никица Мојсоска Блажевски на отворањето на Самитот на Македонија 2025, кој вчера се одржа во хотел Мериот.

„Лани подготвивме Платформа за просперитетна иднина, во која дефиниравме седум клучни области за развој, а една од нив беше дигитализацијата. И покрај напорите прогресот кон целта, повисок животен стандард, кој ќе се приближува кон европскиот, напредокот е мал.

Денес, животниот стандард на македонските граѓани е 38 проценти од стандардот на Европската унија.

Но, не сме обесхрабрени има успешни приказни и кај нас. Одговорноста е во секој од нас, лично и професионално. Целта е подобар животен стандард, и секој мора да ја пронајде таа мотивација. Технологијата овозможува да не се прави разлика помеѓу мали и големи земји.

Не смееме да сме бавни. Не е важно дали се движиме лево или десно, туку напред или назад. Да побрзаме напред,“ истакна Мојсоска Блажевски.

Таа додаде дека, доколку се направи една „груба математика“, во однос на тоа што платформата Македонија 2025 има направено за просперитет и економски развој на државата, несомнено влогот во растот на компаниите, формирањето на одговорни, успешни лидери и граѓани е огромен.

„Ако на 10 компании сме им помогнале за 5% да го зголемат приходот, тоа е една милијарда долари годишен импакт. Доделивме 200 стипендии годинава, и ако тие млади се вработат и остваруваат бруто плата од 1.000 евра, за 40 години се 100 милиони евра, што е 0,8 отсто од БДП.

Потоа, 20 милиони евра отприлика би бил импактот од програмата лидершип,“ додаде Мојсоска Блажевски.

Претседателот Стево Пендаровски на отворањето на Самитот истакна дека актуелни прашања како што се енергетската криза, која длабоко не притиска, бидејќи сме зависни од увоз, не треба да бидат пречка за продолжување на процеси како дигитализацијата, која неминовно се случува.

„Европскиот просек на дигитални вештини кај граѓаните е 56%, за разлика од кај нас кој 32 %. Кај нас граѓаните интернетот го користат за информирање и комуникација на социјални медиуми, и затоа е потребно развој на дигитална писменост и вештини, за младите да се подготват за глобалниот пазар на трудот.

Дигитализацијата овозможува транспарентност, и намалување на можност на корупција,“ истакна Пендаровски.

Тој додаде дека националните економски стратегии треба да бидат ревидирани и да се прилагодат на новата реалност.

еМагазин.мк беше медиумски покровител на овој значаен бизнис-настан, кој годинава поради пандемијата се одржа во хибридна форма. За догодина, Самитот се планира од 18 до 20 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот за 10 години ќе доживее таква промена, што не се случила во изминатите 200, рече еден од најбогатите луѓе на светот, Марсело Клауре на Самитот на Македонија 2025

Мојсоска Блажевски: Самит Македонија 2025 и годинава ќе опфати теми важни за нашата иднина, подобро деловно опкружување и поквалитетен живот на граѓаните

Зафировска од IT Labs: Во ковид-пандемијата, технологијата ни помогна да функционираме нормално

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полска не и дозволи на Украина да се вклучи во истрагата за падот на ракета врз селото Пржеводов

Редакција

„ЗК Пелагонија“ ја „тресе“ берзата: Се купуваат акции вредни илјадници евра

Редакција

Војминовски му прави „друштво“ на Груевски: Распишана меѓународна потерница за осуденикот за обид за убиство на Села

Редакција