еМагазин
Image default
Македонија

Од СДСМ тврдат дека имаат мнозинство од 61 пратеник

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески за ТВ 24 изјави дека имаат мнозинство во овој момент, од 61 пратеник, како и дека премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска ќе има средба со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара за зголемување на новото парламентарно мнозинство.

– Тие разговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат за тоа е дадено овластување на Заев од Централниот одбор на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ партиските телата, изјави Митрески.

Тој, исто така, нагласи дека има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка и дека очекува и тие имиња да се споменат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следната недела ќе се официјализира новото парламентарно мнозинство, најави Османи

Заев и Гаши утре на разговори околу новото мнозинство

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 лица го прекршиле полицискиот час, 393 казни за неносење маска

Редакција

Во Велешката болница од Ковид-19 почина 75-годишна пациентка

Редакција

Весна Дамева е нов претседател на Судски совет

Редакција