еМагазин
Image default
Македонија

Заев за снимката во која се говори за негова ликвидација: „Срамно и опасно“

Згрозен сум од тоа што го слушнав, без разлика кој го изговара и од каде доаѓа, вели премиерот Зоран Заев за објавената аудио снимка во која се зборува за негова ликвидација.

„Нашиот народ од секогаш се борел против такви зли умови. Денес имаме правна држава која ги штити нашите граѓани и нашите деца. Гледате чепкаат и по деца и по фамилии. Срамно и опасно“, изјави премиерот Заев за ТВ 24.

„А1он“ објави снимка од разговор прикачена на мрежата „Јутјуб“, а на која наводно се слуша разговор на двајца од осудените за „27 април“.

Од Управата за извршување санкции, како што објави 360 степени, која е надлежна за затворите, пак, не коментираат околу снимката која, според објавувачот, е направена во затворската установа каде се двајцата осуденици.

Оттаму велат дека за веродостојноста и автентичноста на аудиото треба прво да се направи истрага и да се произнесат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР затоа што снимката е нејасна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) Снимка на „Јутјуб“: „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“

МИА//Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По заканите на Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“, Спасовски вели дека нема индиции за нарушување на мирот

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пацинети со Ковид-19

Редакција

Заев се огласи за „бомбите“: „Ќе го прашате Ден Дончев од каде е снимката“

Редакција