еМагазин
Image default
Локално

Притвор за гостиварецот кој се обиде да силува сосетка

Гостиварецот, кој вчера се обиде да ја силува сосетката доби триесетдневен притвор. Тој попладнево е пренесен во затворот во Скопје.

Попладнево судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на Д.В. (41) од Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена.

За него постои основано сомнение дека сторил кривично дело „силување во обид“ и вчера „заработи“ кривична пријава од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

Според обвинението Д.В., вчера (27 април) околу 20 часот физички ја нападнал 61-годишната сосетка во нејзиниот дом и се обидел да ја обљуби.

Попладнево e спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје” за издржување на притворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Гостивар: И влегол дома, побарал кафе, па сакал да ја силува

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Неготино: Го пронашле синот починат во тоалет

Редакција

Се тепале двајца на двајца во кафана во Аеродром

Редакција

Загина возач на комбе во сообраќајка со автобусот во близина на Велес

Редакција