еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„ЗК Пелагонија“ ја „тресе“ берзата: Се купуваат акции вредни илјадници евра

Во две блок трансакции со вкупна вредност од 23 милиони денари или околу 374.000 евра завчера на Македонската берза се продадоа 7.456 акции од „ЗК Пелагонија“ АД Битола. Акциите се продадоа по цена од 3.000 и 3.900 денари за акција.

Со тоа продолжи низата на крупни блок-трансакции со акциите на компанијата во изминатиов период.

Имено, на 29 декември во блок трансакција вредна 5,2 милиони денари или околу 85.000 евра на Македонската берза се продадоа 1.749 акции од „ЗК Пелагонија“. Акциите се продадоа по цена од 3.000 денари за акција.

Потоа во блок трансакција вредна 6,3 милиони денари или околу 103.000 евра на Македонската берза се продадоа 2.117 акции од „ЗК Пелагонија“ АД Битола. Акциите се продадоа по цена од 3.000 денари за акција.

Ваквите трансакции случајно или не, дојдоа во период кога Собранието на акционери на „ЗК Пелагонија“ на седницата закажана за 8 февруари годинава, меѓу другото одлучуваше за предлог-одлуките за продажба на „Комплекс Александрија“ и на „Скопско поле“

Акционерите одлучија „Комплексот Александрија“ да им се продаде на „Орка Холдинг“ и „ТИМ“ ДОО Скопје за вкупна сума од 11 милиони евра. Беше одобрено двете компании да купат удел од 50 отсто од комплексот и за тоа да платат по 5,5 милиони евра.

Собранието на акционери на „ЗК Пелагонија“ на седницата ја одобри и продажбата на „Скопско поле“ на „Жито Полог“ за сума од 200 милиони денари или околу 3,2 милиони евра.

Компанијата преку Македонската берза соопшти дека зделката ќе се релизира откако ќе се избрше налогот за заплена на 100 отсто од уделот што „ЗК Пелгонија“ го поседува во „Скопско поле“ изречена од извршител по барање на доверителот НЛБ Банка.

Инаку, според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност доминатните акционери во „ЗК Пелагонија“ се Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, „Орха Холдинг“ и „Софија градба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акционерите одобрија: Орце Камчев и Цветан Панделески може да ја купат биогасната електрана на ЗК „Пелагонија“ за 24 милиони евра

Орце Камчев и Цветан Панделески за 24 милиони евра си купуваат златна кокошка „сами од себе“

Во две блок трансакции продадени акции од „ЗК Пелагонија“ за 374.000 евра

„Орка Холдинг“ го предлага Александар Поповски за член на Одборот на директори на „ЗК Пелагонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт департмент: Скопје и Софија спорот да го решат надвор од пристапниот процес

Редакција

Апасиев и Петров: Одлуката на Уставен за референдумот е политичка, а не правна

Редакција

ЕСМ Продажба ги испрати по пошта договорите за субвенционирано снабдување, поевтина струја од 1 декември

Редакција