еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стејт департмент: Скопје и Софија спорот да го решат надвор од пристапниот процес

САД ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат постоечките билатерални спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ, изјавија денеска за МИА од прес-службата на Стејт департментот.

Оттаму потсетуваат дека САД и Бугарија се силни поддржувачи на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

-Ја поздравуваме добрата волја за преговори. Ги повикуваме Бугарија и Северна Македонија да ги решат постоечките билатерални прашања надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ, велат од Стејт департментот.

САД, се нагласува во изјавата за МИА, се прецизно јасни во својата желба да ја видат Северна Македонија, која моментално е кандидат за членство, како влегува во следната фаза на процесот, со одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

-Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет во целиот регион. Одлуката на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март беше позитивен чекор и беше во служба на сузбивање на лажниот наратив дека Трансатлантската заедница го остава зад себе Балканот, се вели во изјавата.

Од Стејт департментот истакнуваат дека секакви задршки во патот за пристапувањето на овие земји во ЕУ,  го ризикува отворањето на прашањето за кредибилитетот на ЕУ во регионот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија покажува мускули на темата Македонија, вели деканот на бугарскиот Факултет за словенска филологија

Eкс-Југославија застана зад Македонија: Со Декларација се бара Бугарија да не ја злоупотребува историјата

Барањата на Бугарија се дрски, ненаучни и нереални, вели Штајнакер, поранешната заменик германска амбасадорка во Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Велешта со нож го нападнал началникот на Полициската станица во Струга, кој заврши во болница

Редакција

910 набљудувачи и 32. странски новинари ќе ги следат изборите во среда

Редакција

(Видео) И Фатиме Фетаи ги бодреше македонските фудбалери во Италија

Редакција