еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ Продажба ги испрати по пошта договорите за субвенционирано снабдување, поевтина струја од 1 декември

ЕСМ Продажба ги испрати по пошта договорите за снабдување по субвенционирана цена до речиси сите јавни основни и средни училишта кои поднесоа пријави и кои ги исполнуваа условите, а за чии броила ЕВН Дистрибуција одобри снабдување.

„Тече испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустија, и истото за оваа категорија ќе биде завршено до крајот на утрешниот ден. Најмал број пријавени субјекти произлегуваат од водостопанската дејност, кои исто така ќе ги добијат договорите.

Субјектите за кои Дистрибуција не одобува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила, се известуваат телефонски од страна на ЕСМ Продажба, со цел субјектите да преземат мерки во однос на причините утврдени од Дистрибуција, а кои се пречка за истото. Напоменуваме дека бројот на таквите случаи е мал,“ се вели во соопштението.

ЕСМ Продажба нагласува дека сите субјекти пријавени за дополнително снабдување по одлуката на Владата, а кои ги исполнуваат условите и чии броила се одобрени од Дистрибуција, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба од 1.12.2022 година без оглед дали до тој датум ќе им пристигнат договорите по пошта, или истите ќе им пристигнат по наведениот датум.

Субјектите се веќе ставени во системот на ЕСМ Продажба и треба да ги прават своите пресметки за производниот и работниот процес врз основа на новата цена на електричната енергија која ќе ја плаќаат, а тое е 80 е/MWh за прехранбената индустрија за основните производи, и 95 е/MWh за училиштата и водостопанствата.

Од 1.1.2023 година на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти кои дополнително ќе се пријават во следниот период, како и тие кои при првото пријавување немале комплетни документи и кои истите ќе ги комплетираат.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Производството на струја во ЕСМ е стабилно: Се испорачува електрична енергија произведена од домашни капацитети

Редакција

Нови 118 случаи на заразени со Ковид-19, во Скопје 55

Редакција

Фершпед ги зголеми приходите и добивката

Редакција