еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Аријан Ибраим именуван за повереник за надлежностите на градоначалникот на Центар Жупа

Со одлука на Владата досегашниот градоначалник на Центар Жупа, Аријан Ибраим e именуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа Општина.

Ибраим ќе ја извршува должноста повереник во период до распишување на нови избори за градоначалник од страна на македонскиот законодавен дом.

Веста преку објава на Фејсбук ја соопшти Ибраим, кој со оваа Општина раководеше во изминатите осум години.

– Правдината и да доцни, еден ден ќе си дојде. Официјално продолжувам со функцијата градоначалник! Благодарност до искрените членови на ДПТ и сите верни поддржувачи на прогресот и напредокот на нашата општина, напиша Ибраим.

Во оваа печалбарска општина, во која околу 70 отсто од жителите се во странство, во првиот круг од Локалните избори не беше избран нов градоначалник, бидејќи не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 (33 отсто) од вкупно запишаните 7.317 гласачи, во единствениот избирачки список.

Од вкупниот број запишани избирачи, на 17 октомври правото на глас го остварија 25,77 отсто или 1.886 лица, од кои над 70 отсто гласаа за Ибраим, кој беше кандидат за градоначалник на Демократската партија на Турците (ДПТ).

Во меѓувреме конституиран е 11-члениот Советот на Општината, во кој пет советници се од ДПТ, по двајца од СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по еден од ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците. За претседател на Советот беше избран Бирџам Селман. 

МИА/Фото: Фејсбук/Ибраим

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради присуство на Ковид-19 кај дете и две воспитувачки, во изолација 35 дечиња од делчевската градинка

Редакција

Убава вест: Оздравени 251 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 171

Редакција

Лекарска комора: Пациентите со автоимуни ревматски болести со голем ризик на компликации од Ковид-19

Редакција