еМагазин
Image default
Македонија

Државна ревизија ги објави ревизорските извештаи за Апелацискиот суд Скопје

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави ревизорските извештаи на Апелацискиот суд Скопје.

Цел на ревизијата, како што посочи ДЗР, е дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските транскации и информациите во истите се во согласност со законската регулатива.

Согласно ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност за сметката на основен буџет (631) за 2020 година како клучна утврдена состојба е неевидентирање на побарувањата по основ на изречени паушали од судски одлуки, како трошоци во постапките.

– Изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај, додека за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики изразивме поволно мислење.

Како клучна препорака е воспоставување на целосна, точна и навремена сметководствена евиденција на ненаплатените побарувања по основ на судски паушал и нивно прикажување во финансиските извештаи на субјектот, наведува ДЗР.

Како клучна системска слабост се наведува недонесен акт од страна на Врховен суд со кој треба да се утврди висината и начинот на определување на паушалите како трошоци во постапките, по која треба да постапуваат и одлучуваат судиите.

Во однос на ревизијата на сметката на основен буџет (603) за 2020 година утврдено е дека не се применуваат во целост пишаните интерни процедури за редовна и целосна сметководствена контрола, неевидентирани обврски кои се однесуваат на известувачкиот период, односно во периодот кога настанале и нецелосно спроведен попис на обврските.

– Изразивме поволно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики изразивме мислење без резерва.

Препорака – целосна примена на интерните процедури и функционирање на системот на внатрешни контроли, редовно и навремено евидентирањето на обврските спрема добавувачите и целосна примена на правилата за вршење попис на обврските од страна на пописната комисија за утврдување на правниот основ, потеклото, старосната структура и причините за неизмирените обврски, се вели во соопштението од ДЗР.

Како клучна системска слабост се посочува различно уредување на начинот на пресметка на додатокот за работното искуство со одредбите на Законот за платите на судиите и Законот за судската служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице се тестира на корона вирус, тројца од заболените имаат отежнато дишење

Редакција

Поради недостиг од судии, третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување

Редакција

Маригона Марку назначена за вршител на должноста македонски амбасадор во Вашингтон

Редакција