еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали за бизарниот случај во Струмица: Полицијата ги бара „крадците“ на мртовецот

Од СВР Струмица попладнево преку кусо соопштение информираа дека денес во 9:30 часот е добиена пријава од Општа болница Струмица во однос на кражбата на мртовец од болницата.

„Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението.

Инаку, претпладне околу 9 часот часот група струмичани украдоа мртовец од Инфективното одделение на болницата.

Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата.

По дваесетина минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.

Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, го осуди овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украден мртовец од струмичката болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Филипче: Процентот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19 се намали за 2% во изминатите две недели

Редакција

Ексминистерот Драган Тевдовски предложен за независен член на Надзорниот одбор на УНИ Банка

Редакција

Мицкоски му одговори на Вархеји: Народот е тој што кажува дали се поминати црвените линии

Редакција