Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 45 заразени со Ковид-19 од 552 тестирања, најмногу во Скопје
Починаа седум лица од Ковид-19, помеѓу нив и 23-годишниот пациент од Свети Николе
Убава вест: Оздравени 86 заразени со Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
Фото: МЗ