еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, за МИА изјави дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Има, како што вели, најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе биде исплатен утре, но засега нема промена на нашата одлука.

Согласно со Одлуката од 2 ноември 2021 година машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.

Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата. Поради истата причина бојкот имаше и во август лани.

МИА/Фото: МЖ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Институтот за македонски јазик, Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

Редакција

Рибарењето можен начин за зараза кај третиот случај на конго кримска хеморагична треска

Редакција

Рашковски тврди дека софтверот е набавен на комплетно законски начин со почитување на сите законски процедури

Редакција