еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Економијата и инвестициите во фокусот на средбите на Мицкоски со бизнисмени во Вашингтон

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Христијан Мицкоски присуствувал на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, кои се оддржаа во Вашингтон, информираат од Влада.

Тој остварил средба и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли со кого го проследија поздравниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Меѓудругото престојот во Вашингтон беше искористен и за бројни средби каде се лобираше за македонските интереси.

Премиерот Мицкоски на свеченоста „Гласови на слободата“ организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“, која се одржа по инаугурацијата, оствари средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор,“ информираат од Влада.

Мицкоски разговарал и со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на „Нијагара Ботлинг“, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5.000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.

„Инвестициите на Нијагара Ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме, но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне државата,”, истакнал Мицкоски за средбата.

Премиерот се сретнал и со Џеси Спиро, главен директор во „Тетер“ и одговорен за стратешките односи со владите во светот.

„Тетер“ е најголемата компанија во светот која менаџира дигитален капитал, крипто валути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.

„Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестијата на „Тетер“ и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме,” изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски ја следеше инагурацијата на Трамп со претседателот на Републиканците

(Фото) „Лобираме за македонските интереси“: Со кој се сретна Мицкоски во Вашингтон

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kој кога ќе настапи на прославата пред зградата на Владата

Редакција

Најчевска: На крај наместо Македонија да влезе во ЕУ, Бугарија ќе го заврши процесот на асимилација започнат во 19 век

Редакција

Парична казна за лекар кој не се самоизолирал, а ќерка му патувала во Италија

Редакција