Денеска македонските граѓани ќе ги бојкотираат маркетите, поради високите цени.
Дел од маркетите уште вчера најавија попусти за денеска, а некои ќе прават попис.
Единствено масовен бојкот, за што има сомнежи на социјалните мрежи, може да испрати порака до трговците.
Граѓаните, кои на социјалните мрежи дадоа масовна подршка, последните денови купуваа помасовно во маркетите од вообичаено (посебно леб), за да се „подготват“ за денешниот бојкот, а се очекува тој тренд да продолжи утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли денеска „инвазија“ на маркетите пред бојкотот утре?
Како ќе изгледа оваа ретка граѓанска инцијатива во Македонија останува да видиме.
Истата е инспирирана од бојкот на маркетите и бензинските пумпи во Хрватска минатиот петок, кој беше успешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешна Југославија се „обедини“ за бојкот на маркетите
Денеска се очекува масовен бојкот на маркетите и во Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Во Хрватска веќе се бојкотира од вчера, а граѓаните се повикуваат истиот да трае една недела. Исто се планира и во Словенија, каде исто така веќе е во тек бојкот на големите трговски ланци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Треба бојкот и на кафичи„: Лавина од реакции на социјалните мрежи за бојкот на маркетите
И министерот за економија даде подршка за бојкотот на маркетите
Масовна подршка на социјалните мрежи, ќе успее ли бојкот на маркетите?
Фото: Игор Бансколиев