Подршка на најавениот бојкот на маркетите поради високите цени за 31. јануари (петок) даде и Организацијата на потрошувачи на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И во Македонија во петок ќе има бојкот на маркети?
Претседателката на Организацијата за државната агенција МИА, Мирјана Лочнар вели дека тие не се организатори на оваа инцијатива, но ги подржуваат причините за бојкот од причина што граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемување на цените на прехранбените производи.
„Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи, бидејќи тие се навистина поскапени“, вели Лончар во изјава за МИА.
Одите во продавница, особено во големите супермаркети, вели Лончар, и не знаете која цена ќе ве пречека.
„Иако знаеме како се формираат цените на производите сепак постои нешто што се вика стандард на граѓаните. Се надеваме дека Владата ќе ги поддржи граѓаните и ќе се направи нешто подолгорочно. На пример пролетна кошничка која би важела три месеци наместо еден“, вели Лончар.
Таа потенцира дека за намалување на цените треба да се земат цените на производите од ноември минатата година.
Втората мерка што ја предлага Лончар е да се провери дали големите ланци на супермаркети имаат меѓусебен договор во однос на зголемувањето на цените.
Според Лончар, мерките што би се преземале треба да бидат утврдени заедно со синдикатите и Организацијата на потрошувачите на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За еден ден група на Фејсбук која повикува на бојкот на маркетите има над 600 членови
Мицкоски има разбирање за бојкот на маркетите, подршка и од ВМРО-ДПМНЕ