еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за три лица, меѓу кои и двајца главни инспектори во МВР, кои одаваа службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека по тримесечна истражна постапка, е оформено обвинение за три лица, меѓу кои се и двајца главни инспектори во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои од користољубие на организираната криминална група „Дуќанџик“ и пренесувале информации за тековни оперативни и истражни дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“

Двајцата инспектори, во временскиот период од месец декември 2019 година до месец март 2021 година, преку третообвинетиот кој е во блиска релација со еден од организаторите на криминалната група, прибавувале, соопштувале, пренесувале или на друг начин овозможувале достапност до службени информации, за што биле соодветно наградувани.

-Неовластеното откривање на податоците што претставуваат службена тајна предизвикало штета во низа постапки на кривичен прогон, а кои постапки се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на државните органи.

Воедно, како резултат на откривање на податоците, прво и третоосомничениот во неколку наврати ја попречиле правдата, велат од Обвинителството.

Од направената финансиска анализа на истражители од Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, утврдено е од 2019 година до крајот на 2024 година првообвинетиот како службено лице вработено во МВР, за време на вршењето на должноста како полициски службеник се стекнал со имот – штедни влогови.

-Овие влогови, во вкупен износ од 3.371.226 денари, во значителна вредност ги надминуваат неговите законски приходи и за истите нема поврзувања со претходни уплати/влогови со кои располагал на сопствените сметки.

Според дејствијата опишани во Обвинителниот акт сите три лица се обвинети дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Оддавање службена тајна, додека прво и третообвинетиот во стек сториле и кривично дело Оддавање службена тајна со кривично дело Попречување на правдата.

На првообвинетиот му се става на товар и кривично дело Противправно стекнување и прикривање имот.

Предметниот обвинител во Обвинителниот акт му предложи на судот обвинетите да ги огласи за виновни и притоа да им бидат одземени движните предмети пронајдени при претресите, а на првообвинетиот да му се конфискува имотот од сметките што ги надминува неговите законски приходи во износ од 3.371.226 денари.

Доколку не е можно да се конфискува целиот износ од обвинетиот, да се пристапи кон конфискување од имотот сопственост на членовите на неговото семејство.

Имајќи ја предвид запретената казна затвор за кривични дела за кои се обвинуваат, како и непроменетите околности, јавниот обвинител побара од судот на сите тројца да им биде продолжена мерката притвор заради непречено спроведување на постапката, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Италијанска гимнастичарка „растури“ на „Зајди, зајди“

Редакција

Со помош на полициското куче Хани, уапсен македонски државјанин во Грција со над 32 килограми канабис

Редакција

Загина 76-годишен маж, со трактор се превртел на пат во кочанско

Редакција