Ако се суди по утрото денешниот бојкот на маркети во Македонија ќе биде успешен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовен бојкот на маркетите е единствениот начин да се испрати порака
еМагазин утринава посети десетина маркети во скопските општини Центар и Карпош 1, меѓу кои и тие што нудат и производи по најниски цени, а вкупно во нив регистриравме едвај петмина купувачи.
Не ни беше дозволено да фотографираме, но вработените, беа расположени за разговор.
-Бојкот е успешен, како и што треба, ни рече една од вработените во маркет кој што продава производи по пониски цени.
-Само не фотографирајте, ќе ми одбијат од плата. Ќе го препознаат маркетот газдите, рече таа.
Направивме фотографии и видеа, но за да не им направиме проблем на вработените, одлучивме да не ги објавуваме. Вработените не се виновни за високите цени.
-Очигледно е празно, ни рече друга вработена во сличен маркет.
Истата приказна и коментари добивме во сите големи и мали маркети кои ги посетивме утринава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешна Југославија се „обедини“ за бојкот на маркетите
Фото: Игор Бансколиев