еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Скопје лани ја зголемила добивката за 7%

Добивката на Стопанска банка АД Скопје пред оданочување за минатата година изнесува 4.141.116 илјади денари и во однос на претходната година е повисока за 7%, информираше Банката преку Македонската берза.

Како резултат на новиот Закон за глобален данок, Банката пресмета дополнителен данок, кој заедно со останатиот данок на добивка изнесува 593.760 илјади денари, па добивката по оданочување изнесува 3.547.356 илјади денари, велат од таму.

-Наведениот резултат е последица како на органскиот раст на активата, така и на успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик, велат од таму.

Нето-приходите од камати изнесуваат 6.171.648 илјади денари и се зголемени за 8% во однос на минатата година, резултат во кој најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои забележаа пораст како резултат на зголемената ликвидност на Банката која произлегува од депозитите, посочуваат од таму.

-Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 864.918 илјади денари и во однос на минатата година бележат зголемување од 6%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 179.504 илјади денари и се зголемени за 23% споредено со 2023 година.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 494.404 илјади денари, велат од таму.

Расходите од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 1.065.098 илјади денари и 1.162.996 илјади денари, респективно и се за 11% повисоки во однос на претходната година, велат од таму.

Лани Банката издвоила исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1.175.092 илјади денари.

-Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 144.011.499 илјади денари, односно е повисока во однос на 2023 година за 10% или 12.648.574 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Скопје со раст на добивката во третиот квартал

Димитриос Христопулос поднесе оставка од Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈКП Комуналец – Прилеп склучи договор со „Реалност-06“ вреден 383,7 илјади евра

Редакција

Од Ковид-19 почина еден пациент од Дебар

Редакција

Ковачевски за изјавата на Радев: Не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, вето нема да има, бидејќи веќе ги почнавме преговорите

Редакција