еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Системски промени и правда за Фросина – дел од барањата на протестот „Кој е следен“, кој заврши пред Кривичен

Граѓаните на денешниот протестот „Кој е следен“, за загинувањето на 22-годишната Фросина Кулакова, од булеварот “Партизански одреди“ во Скопје, протестот го продолжија пред Јавното обвинителство, Собранието и Кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Кој е следен„: Нов масовен протест за усмртувањето на Фросина Кулакова

Километарската колона ја предводеше семејството на Кулакова, кое бара правда за Фросина.

Tаткото Тодор Кулаков пред Собранието меѓудругото порача дека „судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи – кој ќе плати повеќе мито, тој добива“.

„Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни создава универзални вредности, правила базирани на длабоки и цивилизациски коректни начела, каде што децата се учат во домовите, школите и црквите. Затоа некои од нив, заради таквиот хуманистички пристап, стануваат херои на нашето време. Дозволете ми Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време.

Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претворајќи се во наркодилери, насилници, убијци, заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други, кои судии, обвинители, проценители и извршители направија балкански дуќани, друштва за наддавање како аукциски куќи. Кој ќе плати повеќе мито, тој добива. А по правило, без исклучок, криминалците и нивните адвокати добиваат“, рече Кулаков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сестрата на Фросина Кулакова, побара одговорност за таткото на момчето кое ја прегази и за судијката

(Фото) Момчето што ја усмрти Кулакова во притвор со телефон, одземен му е по реакции од јавноста

(Видео+фото) Река од луѓе на протестот за Фросина Кулакова во Скопје

Фото: Мартин Колоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Алкалоид“ со втора масовна крводарителска акција годинава

Редакција

Зголемување за 19,3%: За една недела 2.676 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

(Видео) Драма во Хрватска: Авион слета на автопатот Загреб-Ријека

Редакција