Суспендиран e затворскиот полицаец кој што на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова, му го пренел мобилниот телефон во затворот Скопје, познат како Шутка, изјави за емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Момчето што ја усмрти Кулакова во притвор со телефон, одземен му е по реакции од јавноста
Тој даде и објаснување како Јованов стигнал до мобилниот.
„Тој од првиот момент барал да обезбеди мобилен телефон. Стапува во контакт со притворено лице од соседна ќелија и тој му бара 250 евра за тој телефон. Парите се исплатени на братот на притвореното лице од соседната ќелија од близок член од фамилијата на Васил Јованов“, рече Пандов.
Потоа, направиле сцена дека во ќелијата на Јованов на некого му се слошува и му паѓа шеќерот. Тогаш, од другата ќелија се понудуваат да дадат кутија со колачи.
Како што рече Пандов, затворскиот полицаец ја зел таа кутија, и без да ја провери ја однел во ќелијата каде што е Јованов.
Пандов подвлече и дека најголемите шверцери на телефони, на дрога, на недозволиви предмети, се вработени од затворот.
“Еден телефон е 250 евра. Тој бил продаден за 400 евра. Тоа се многу пари“, рече Пандов, кој информираше и дека при претреси во 40 ќелии, биле најдени 70 мобилни телефони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јованов, кој ја усмрти Кулакова, ќе одговара за најтешкото кривично дело
Фото: Влада