еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Се степале двајца хирурзи во операциона сала во штипската болница

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип информираа дека вчера во операциона сала во Клиничката болница – Штип се степале двајца хирурзи.

Како што велат од таму, еден од нив, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во болницата бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

За инцидентот се огласија и од болницата, посочувајќи дека веќе е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени.

-Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени.

Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени, се вели во соопштението од Клиничката болница-Штип.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени деветмина од Ковид-19

Редакција

Кој му дал на Палевски тајни податоци од истрагата за убиството на Панче и Вања, кои ги искористи за барањето за изземање на обвинителката и Обвинителството

Редакција

Нова влада ќе биде договорена до петок, најави Таравари

Редакција