еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гоце Трајковски вели дека инспектор го терал да снима во домот на таткото на Вања

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски, еден од клучните сведоци, Гоце Трајковски, пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од обвинетите, кажа и дека контактирал со полициски инспектор и по насоки на полицијата, снимал во домот на Ѓорчевски и ја известувал за неговото однесување.

Од него, како што кажа, било побарано да провери во станот на Ѓорчевски да не е некаде сокриено девојчето.

„Се согласив, ама и се јавив на сестра му на Александар и ѝ кажав што побарале од мене. Таа ми рече оди слободно, ама не и беше јасно зошто ме праќаат кога полицијата веќе два пати била во станот…Им пратив една снимка, како спие на столица. Им реков дека халуцинира, дека не е спиен 3-4 дена и дека не знае каде е“, рече тој.

Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ по рочиштето изјави дека се што кажал Трајковски е во корист на неговиот клиент и дека конечно се слушнала целата вистина.

Следното рочиште е на 14. февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајковски добил закани пред сведочењето, обвинетите за убиството на Вања и Панче ги нарече психопати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сметките за парно може да се плаќаат и онлајн

Редакција

Возач кој излетал од патот Велес-Штип спасен благодарение на мобилниот кој испратил автоматска порака до бројот 112

Редакција

(Видео) „Не„ за францускиот предлог на масовен протест во Скопје

Редакција