еМагазин
Image default
Македонија

Избран нов Управен и Надзорен одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија

Леунора Калиќи е избрана за нов претседател на Управниот одбор (УО) на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), информираат од СЕММ.

Таа е новинарка во Вториот програмски сервис на МРТ, со повеќе од две децениско работно искуство.

Леунора беше предложена и доби едногласна поддршка од членовите на УО на СЕММ, избрани на годишното Собрание на СЕММ што се одржа на 19 јуни. Таа доаѓа на местото на Катерина Синадиновска, која на позицијата претседател на УО на СЕММ беше во текот на два мандати, од 2015 година.

За заменик-претседател на УО е избрана Сашка Цветковска, уредничка во Истражувачката репортерска лабораторија.

Управниот одбор на СЕММ го сочинуваат: Леунора Калиќи (МРТ), Сашка Цветковска (ИРЛ), Ирена Мулачка (Фокус), Анета Андонова (МРТ), Меваип Абдиу (ТВ Коха), Бранко Геровски (Плусинфо) и Семи Мехмети (Алмакос).

На годишното Собрание беше избран и нов Надзорен одбор на СЕММ, во состав: Адријан Ќерими, Сашо Дамовски, Сали Мемед, Генур Исени и Драган Ивановски.

Основните цели на Советот за етика и работните тела на здружението се подигање на професионалните стандарди во медиумите во земјава, преку почитување на Кодексот на новинарите и Насоките за известување во онлајн медиумите, засилување на медиумската писменост и неширење дезинформации.

Фото: СЕММ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат закони за изградбата на коридорите 8 и 10д

Редакција

На Бугарија не и се бендиса споредбата со Русија, која ја направи Ковачевски

Редакција

Зголемување за 70,1%: За една недела 5.800 нови позитивни на Ковид-19

Редакција