еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Во САД двегодишно дете со пиштол ја уби бремената мајка

Во американската сојузна држава Охајо почина бремена жена откако била застрелана од нејзиниот двегодишен син, објавија денеска американските медиуми.

Инцидентот се случил на 16 јуни кога Лора Илг побарала брза помош пријавувајќи дека двогодишниот син го пронашол нејзиниот пиштол и ја застрелал.

Илг била однесена во болница, каде и бил извршен итен царски рез, бидејќи била во 34 недела од бременоста. Но, лекарите не можеле да го спасат детето, а подоцна починала и мајката.

Полицијата го пронашла пиштолот СИГ Сауер П365, со која беше застрелана Илг. Но, во нејзиниот дом биле пронајдени и една сач, арка и друга пушка. Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното Обвинителство.

МИА/видео: WLWT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој ќе ја преставува Македонија на зимската Олимпијада во Пекинг

Редакција

Акционерски превирања во Стопанска банка Скопје

Редакција

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Редакција