еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, утре и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите ќе бидат без поголема промена. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 127 случаи на Ковид-19 од 1.766 тестирања

Редакција

Трајко Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Редакција

(ВИДЕО) Во ЕУ не се оди како ничија земја, како дрво без корен, кажа Пендаровски во годишното обраќање

Редакција