еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој ќе ја преставува Македонија на зимската Олимпијада во Пекинг

На зимските Олимписки игри – Пекинг 2022 коишто ќе се оддржат од 4 до 20 февруари 2022 година, Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти, од кои двајца претставници во нордиски и еден во алпски дисциплини, информираат од Македонскиот олимписки комитет.

“Врз основа на комуникацијата со Меѓународната скијачка федерација и Меѓународниот олимписки комитет, македонската олимписка делегација оваа година во Пекинг ќе ја сочинуваат Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада.

Ана Цветановска, како претставник во нордиски дисциплини, ќе настапи на 5 и 10 февруари и ќе се натпреварува во крос кантри, како и во дисциплините 7,5 км слободно, 7,5 км скијатлон и 10 км класично.

Претставник во нордиски дисциплини ќе биде и Ставре Јада, кој што ќе се натпреварува на 8 и 19 февруари во крос кантри, како и во дисциплините спринт слободно од 1,5 км и 50 км слободно.

Дардан Дехари е нашиот преставник во алпски дисциплини, кој што има настап на 13 и 16 февруари. Тој ќе се натпреварува во трката слалом и во слалом/велеслалом дисциплините“, велат од Комитетот.

Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри во Пекинг 2022 година ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари. Заедно со тројцата спортисти ќе патуваат и  Борче Јовановски, тренер во нордиски и Антонио Ристевски, тренер во алпски дисциплини.

Олимписката делегација за Пекинг ќе тргне на 29 јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 февруари. Делегацијата ќе биде водена од страна на спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, Владимир Богоевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени двајца македонски ученици во реонот зафатен со земјотрес во Турција, едниот со потешки повреди

Редакција

Детали од МВР: Пронајдено телото на 14-годишното момче што се удави во Брегалница

Редакција

Кој сè ќе настапи за дочекот на Нова година во Охрид

Редакција