еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Акционерски превирања во Стопанска банка Скопје

Група акционери сопственици на 12,77% од приоритетните акции на Стопанска банка АД – Скопје (СБ) доставија „Барање за одвоено гласање во рамки на 44-та седница на Собранието на акционерите на СБ кое ќе се одржи на 12.12.2018 година, за донесување на Одлука за укинување на повластеното право на приоритетните акции издадени од СБ согласно член 405 од ЗТД“, односно Барање за конверзија на приоритетните акции во обични акции во сооднос 2 обични за 1 приоритетна акција, соопшти банката преку Македонската берза.

„Во законски предвидениот рок, а согласно член 390 од ЗТД, иницијативата ќе биде соодветно разгледана и доколку ги исполнува сите законски услови ќе се пристапи кон дополнување на Дневниот ред на 44-та седница на Собранието на акционери, кој ќе биде објавен на истиот начин како веќе објавениот Јавен повик.

Напоменуваме, за започнување на постапката по Барањето за конверзија на приоритетните во обични акции потребна е соодветна согласност од сопствениците на двата рода акции“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Отворена поликлиниката Сарај

Редакција

(Галерија) Брендот MANGO за прв пат на МЕТ Гала во Њујорк

Редакција

(Галерија) Дизајнот на ТиноСки предизвикува насмевки, емоции и го буди детето во нас

Силвана Жежова