еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Галерија) Брендот MANGO за прв пат на МЕТ Гала во Њујорк

За прв пат во историјата шпански, комерцијален бренд е дел од најпознатиот моден настан во Њујорк – МЕТ Гала, преку специјалната креација за бренд амбасадорот Софиа Санчез де Бетак.

Арт директорката и моден консултант беше пристуна на настанот чија домаќинка е легендарната Ана Винтур, заедно со Лејди Гага и Хери Стајлс, како и Серена Вилијамс и креативниот директор на Gucci, Алесандро Микеле.

Овогодинешната тема на настанот беше таканаречената КЕМП мода, а креацијата на MANGO беше изработена токму во тој правец, да ја долови екстраваганцијата и специфичноста на овој правец во модата. Впечатлива естетика со бои инспирирани од мангото како овошке и дополнети со  комплексни материјали, волумен, детали кај модните додатоци и театралност.

Финалната форма на дизајнот е направена како соработка на стилистот Мими Кутрел, Софиа Санчез де Бетак и дизајн тимот на MANGO.

“Oва е многу значаен момент за МANGO. Проектите од ваков тип служат како инспирација за нашите купувачи, ја прикажуваат поинаквата страна на нашиот бренд и презентираат нови искуства”, вели Жан Ривера, имиџ директорот на MANGO.

Освен лимитираната едиција на моделот кој го носи де Бетак на црвениот тепих брендот лансира и капсулна колекција инспирирана од темата на МЕТ Гала.

Софиа Санчез де Бетак соработува со брендот повеќе од 2 години. Родена во Аргентина, таа е претприемач, арт директор, моден консултант и дизајнер. Нејзината страст кон патувањето, нејзината убавина и стил, кој е еклектичен и уникатен ја прават вистинска модна икона.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител за наредните шест месеци

Редакција

Маричиќ за правда, Царовска за образование, Николовски и Димитров вицепремиери: СДСМ ги соопшти кадровските решенија

Редакција

Убава вест: Во последните три дена нема починати од Ковид-19

Редакција