еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Бугарија не и се бендиса споредбата со Русија, која ја направи Ковачевски

Од бугарското Министерство за надворешни работи регираа на изјавата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на Самитот на Советот на Европа, кој Бугарија ја спореди со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, кажа Ковачевски на Самитот на Советот на Европа

Од таму посочија дека секоја споредба со страдањето на украинскиот народ во сегашната неоправдана војна на Русија е цинична и неприфатлива.

„МНР нагласува дека е неприфатливо изјавата за загриженост за основните човекови на одредена заедница да се користи како изговор за неосновани и каустични напади врз земја членка на ЕУ.

Изјавата на премиерот на РСМ уште еднаш јасно го покажува вистинскиот однос на Скопје кон главните вредности на ЕУ и отфрлањето на правото да реагира на постоечките дефицити. Секоја споредба со страдањето на украинскиот народ во сегашната неоправдана војна на Русија е цинична и неприфатлива“, стои во реакцијата на бугарското МНР.

Во неа се нагласува дека европската перспектива на Македонија е определна со строго придржување на европскиот механизам воспоставен во јули 2022 година и порачуваат дека обидите да се оттргне вниманието на јавноста од недостатокот на волја за исполнување на обврските не се продуктивни и се разликуваат од декларираната желба на Скопје за добрососедски односи.

„Посебно вознемирувачки во изјавата на премиерот Ковачевски е сугестијата дека доколку Северна Македонија не ги продолжи преговорите за пристапување во ЕУ тоа ќе има негативно влијание врз Албанија. Бугарија постојано ја поддржува европската интеграција на сите земји од Западен Балкан врз основа на нивните сопствени заслуги.

За разлика од Северна Македонија, Албанија целосно ги отвори пристапните преговори и брзината со која ќе напредува зависи исклучиво од нејзиниот напредок во реформскиот процес“, велат од таму.

На крајот од реакцијата се упатува повик до властите во Македонија да покажат политичка храброст и да ги исполнат обврските што ги презеле пред сите земји-членки на ЕУ за да се заврши фазата на отворање на пристапните преговори.

Одговорноста за европската иднина на Македонија, додаваат, е во нејзини раце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот, му одговори Ковачевски на бугарскиот претседател

Нова провокација од бугарскиот претседател, Македонија ќе станала демократска држава кога ќе ги впишала „сонародниците“ на Гоце Делчев

Фото: Фејсбук/бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каде да се информирате за рестрикцијата на летови поради состојбата со корона вирусот

Редакција

Одложена екстрадицијата на Асанж од Британија во САД

Редакција

(Мапа) Штип се уште на врвот со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција