еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот, му одговори Ковачевски на бугарскиот претседател

Откако работната група за уставни измени ќе ги состави амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му порача премиерот Димитар Ковачевски на неговиот бугарски колега Румен Радев, кој изјави дека „Владата на Македонија може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“.

Амандманите кон Уставот, нагласи Ковачевски, се дел од Преговарачката рамка со ЕУ.

-Ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија, и затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа што граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Потсети дека веќе се води дискусија во рамки на работната група за подготвување на уставните амандмани.

– За жал, во ниту еден важен процес не учествуваат претставници од опозицијата. Јас лично сметам дека имаме приоритет овој пат да ги исполниме обврските што произлегуваат од Преговарачката рамка, а која е прифатена од страна на Собранието со заклучоците за коишто гласаше и Алијанса за Албанците, меѓутоа да видиме како ќе се одвива дискусијата.

Сепак сметам дека треба да се држиме до она што е приоритетно, а тоа е отворање на поглавјата и продолжување на патот на државата кон полноправно зачленување во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова провокација од бугарскиот претседател, Македонија ќе станала демократска држава кога ќе ги впишала „сонародниците“ на Гоце Делчев

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во Водоча

Редакција

Зоран Пухач за „еМагазин“: Земјите во ЕУ не воведуваат забрани, туку квалитетно ја регулираат индустријата на игри на среќа

Редакција

Најголем дел од заразените со ХИВ/СИДА во Македонија се мажи на возраст од 20-39 години, од Скопје и Тетово

Редакција