еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, кажа Ковачевски на Самитот на Советот на Европа

Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и стандардите на Советот во областа на човековите права, истакна премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик.

-Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, посочи Ковачевски.

Македонија и Албанија, како што посочи македонскиот премиер, заслужуваат да продолжат напред и заедно затоа што кога соседите се движат напред и останатите се движат напред.

– Не смееме да дозволиме влијание од трети страни особено не од Русија и во срцето на Балканот, што е срцето на Европа, додаде Ковачевски.

Тој посочи дека Македонија целосно ја поддржува декларацијата на Самитот и сите анекси и верува дека тие обезбедуваат солидна агенда за решавање на проблемите.

-Со нашите партнерски организации особено ЕУ, особено решавањето на грижите и проблемите што ги споделуваме. Како претседавач со ОБСЕ и членка на НАТО ќе продолжиме да ја покажуваме нашата цврста посветеност на мултилатерализмот и нашата посветеност особено кон Украина, како што правевме и досега, кажа Ковачевски.

Премиерот порача дека се собрале во Рејкјавик за да покажат единство, солидарност и посветеност на заедничките вредности во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото соочени со невидената агресија против земја членка Украина.

-Руската агресија против Украина е очигледно кршење на меѓународното право како и еден остар потсетник за последиците од целосното непочитување на поредокот. Се уште сме убедени дека мултилатеразмот со сите негови грешки е начин да се мобилизира колективен одговор на воените кризи и предизвиците од различна природа. Тие само сакаат да ја изберат својата иднина меѓу сојзуниците.

Ние го направивме истото кога ја покажавме нашата солидарност и ја избркавме Русија од Советот на Европа. Се уште сме обединети во барањето на одговорност за извршените злодела. Почнавме да размислуваме и за тоа што правиме добро во Стразбур и каде можеме да се подобриме. А правиме многу добра, започнувајќи како мировен проект во 1949 година Советот се разви во светилник на надеж за милиони европејци преку европската конвеција за човекови права, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање.

Посочи дека нормите и стандардите придонесоа за подобрување на животот на нашите граѓани, а денес повеќе од кога било е важно Европа да остане обединета и Европа нема да биде обединета целосна и слободна и мирна без Балканот целосно интегриран во европското семејство.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност на исландското претседателство за неуморните напори за успех на Самитот и му посака на претстојното летонско претседателство иста издржливост и посветеност.

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час не го почитувале 66 лица, 45 приведени

Редакција

Вакцина против коронавирус ќе биде тестирана најрано во април

Редакција

Европска комисија: Бугарија и Македонија да избегнуваат непотребни тензии

Редакција