Сестрата на поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој е во бегство, Вјолца Бајрами, службеничка во македонското Собрание, му го честиташе јавно роденденот на брат и, кој се бара со меѓународна потерница за криминал во Државна лотарија, а во отсуство доби и 30 дена притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали
Од Бајрами се уште нема ни трага, ни глас, а според неговата сестра тој е “гордост на семејството“. Таа во честитката за неговиот роденден на Фејсбук најавува и дека следниот ќе го славеле сите заедно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајрами се гони и за сомнителни тендери во Државна лотарија за набавка на телевизори и принтери
Кои адвокати ги ангажираа Груби и Бајрами
(Фото) Меѓународна потерница за Груби и Бајрами
Фото: Бајрами/Фејсбук