еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателката Сиљановска Давкова против менувањето на државниот грб и химната

И македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е против менувањето на државниот грб и химната.

Според нејзе, химната ја одразува историската меморија на Македонија и нема потреба од никакви промени.

-Доколку ме прашате за химната, моето мислење е јасно – нема потреба од промена. Таа не само што е одраз на сегашноста, туку изразува и историски белези кои не треба да се менуваат. Иако химните во повеќето држави имаат важна историја и значење, ние не сме тие кои ќе решаваме дали и како тие треба да се менуваат, изјави таа денеска.

Смета дека не е време и за промена на државниот грб, кој, според нејзе, претставува повеќе географски отколку историски симбол.

-Не сум против отварање на ова прашање, но моментално сметам дека не е време за тоа. Во нашиот регион, таквите дискусии често доведуваат до конфликти кои ќе не одвлекуваат од важните прашања кои треба да ги решаваме, рече таа, потенцирајќи дека уставните симболи веќе се прописно опишани во Уставот и нема потреба за дополнителни измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„На македонскиот грб треба да стои лева рака и десен џеб“: Реакции за менувањето на државниот грб

Колку пати се менувал државниот грб на Македонија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бара отпочнување на преговори со Македонија: Словенија со со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 1.411

Редакција

Од Ковид-19 починаа 15 лица, најмладиот на 48-годишна возраст

Редакција