еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж од радовишко починал од срцев удар додека управувал со возило кое излетало од коловоз и удрило во столб и друго возило

На маж на возраст од 70 години од радовишкото село Воиславци му се слошило и починал додека управувал возило „сузуки“, по што автомобилот излетал од коловозот и удрил во столб и друго паркирано возило „форд“.

Станува збор за С.Ѓ. , а несреќата како што информираа од полицијата се случила завчера на улицата „8 Септември“ во Радовиш.

Смртта настанала како последица на срцев удар, констатирал лекар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ ја одложи забраната за продажба на возила на бензин и дизел до 2035 година

Редакција

Минатата недела починало уште едно лице кое по вторпат заболело од Ковид-19, вкупно се 9

Редакција

Во пожар изгоре куќа во Битола

Редакција