Генералното собрание на ОН ја прифати Резолуцијата на ЕУ за Украина, по повод тригодишнината од руската инвазија. Имено, 93 земји ја поддржаа Резолуцијата на Украина, која ја нарекува Русија држава агресор и бара Кремљ да ги повлече своите трупи од Украина.
65 земји беа воздржани, а меѓу нив и Македонија која беше коспонзор на Резолуцијата на САД. Против гласаа САД, Русија и 16 други земји.
Денеска се одбележуваат три години од руска инвазија врз Украина, а заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Маријана Беца, изјави дека нејзината земја го користи своето „природно право на самоодбрана“.
Заменичката-амбасадорка на САД, Дороти Шеј, рече дека повеќекратните претходни резолуции на ОН со кои се осудува Русија и се бара повлекување на руските трупи „не успеале да ја запрат војната“, која „сега се одолговлекува предолго и со премногу страшна цена за луѓето во Украина и Русија и пошироко“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе ја подржи Резолуцијата на САД за Украина во ОН, а не на ЕУ
Нема промена на позициите на Македонија во поддршката на Украина, велат од МНР
Фото/Unsplash