Легендарниот пејач Брајан Адамс на 27. април ќе има акустичен концерт во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, на кој ќе можат да присуствуваат само 2.500 лица, информираа од Авалон.
Концертот ќе трае 90 минути, а Адамс кој ќе свири и на гитара, ќе го придружува долгогодишен пријател и пијанист, Gary Breit.
Посетителите на концертот ќе имаат можност да ги слушнат “Heaven”, Summer of ’69”, “Please Forgive Me”, “All for Love”, “Have You Ever Really Loved a Woman”…
Поради типот на програмата, салата ќе биде редуцирана и сите влезници ќе бидат за седење.
Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (27. февруари) во 10 часот наутро на avalonbooking.mk.
-Сите информации околу цените на влезници и категории ќе бидат објавени денес во 19 часот на нашите платформи, велат од Авалон.