Мермерен комбинат АД Прилеп лани остварил приходи од продажба во износ од 1.947.811 илјади денари, што претставува зголемување за 8,12% споредено со истиот период од минатата година, информираат од таму преку Македонската берза.
-Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 1.022.778 илјади денари, што споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2023 година во износ од 914.446 илјади денари претставува зголемување за 11,85%.
EBITDA за периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година изнесува 1.162.487 илјади денари, а наспроти остварениот износ од 1.059.141 илјади денари во истиот период од минатата година покажува зголемување за 9,76%.
Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 913.779 илјади денари и претставува зголемување од 8,37% споредено со остварената добивка за истиот период од минатата година (31 декември 2023: 843.234 илјади денари).
Оперативните расходи за периодот изнесуваат 914.715 илјади денари и се повисоки за 0,76% во однос на остварените во истиот период од минатата година.
Од оперативните трошоци најголем дел отпаѓа на трошоците за вработени, кои во периодот покажуваат зголемување од 11,62% споредено со истиот период минатата година.
Евидентирано е и зголемување на трошоците за надворешни услуги за 4,44%.
Трошоците за амортизација изнесуваат 139.709 илјади денари и се на исто ниво како и минатата година. Намалување од 3,76% е евидентирано кај трошоците за суровини и други материјали, кои се втор најголем трошок за Друштвото, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мермерен комбинат ја зголеми добивката за 33%
Колку потрошил Мермерен комбинат за надоместоци на Одборот на директори лани