еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Попова Кула лани со зголемена добивка

Винарската визба Попова Кула АД Демир Капија лани остварила добивка од 3.679 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза.

Споредено со претходната година, добивката на Друштвото е зголемена за 2.388 илјади денари.

За овој период Друштвото остварило вкупни оперативни приходи од 37.745 илјади денари. Споредено со истиот период лани, овие приходи се зголемени за 2.677 илјади денари.

Оперативните расходи се зголемени за 2.030 илјади денари споредбено со истиот период лани.

-Ова зголемување на расходите во однос на минатата година во најголем дел се должи на зголемените трошоци за производство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попова Кула со добивка во третиот квартал

Попова Кула со зголемена добивка во првото полугодие

Фото: Попова Кула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основните трошоци за живот поскапени: За два месеци синдикалната кошница зголемена за повеќе од 400 денари

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста

Редакција

Поради пожарот сообраќајот Делчево-Пехчево повторно во прекин, словенечките пожарникари на терен

Редакција