еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европската централна банка ги намали каматните стапки

Поради забавување на инфлацијата, Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, па така депозитната стапка сега е 2,5%, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 2,65%, а каматната стапка на маргиналните кредити е 2,9%.

„Монетарната политика станува значително помалку рестриктивна,“ изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа оцени дека и покрај олабавување на монетарната политика, ризици за поттикнување на инфлацијата се уште постојат, како што се трговските војни и повеќе одбранбени трошоци.

Банката предвидува дека просечната инфлација во еврозоната ќе биде 2,3% и ќе падне на 1,9% во 2026 година, пред малку да се зголеми на 2% во 2027 година.

Прогнозата за 2025 година е ревидирана нагоре во однос на претходната проценка, како одраз на посилна динамика на цените на енергијата.

Европската централна банка очекува базичната инфлација во еврозоната да биде 2,2% во 2025 година и да падне на 2% во 2026 година и 1,9 отсто во 2027 година.

Прогнозите за економски раст на еврозоната се ревидирани надолу на 0,9% за 2025 година и 1,2% за 2026 година, како одраз на слабиот извоз и инвестиции.

Банката очекува економијата на еврозоната да порасне за 1,3% во 2027 година.

Примената на новите каматни стапки ќе започне на 12. март.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и партиите на Каракачанов и Костадинов: Шест партии во Бугарија шират говор на омраза

Редакција

(Видео) Невидени редици: „Тепачка“ за тестирање за корона вирусот во Србија

Редакција

Детален преглед: Објавени имињата на 138 граѓани кои одбиле да примат решенија за самоизолација

Редакција