еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски не се плашел од доживотна робија, тврди дека бил наместен

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо повторно побара изземање на судијата Ивица Стефановски, поради, како што рече, попречување на изведувањето на доказите во негова одбрана.

Меѓудругото посочи дека „нарачаната пресуда“ за него била донесена уште во декември 2023 година и дека не се плашел од доживотна робија.

-Барам изземање на судијата кој крие оружје затоа што не му се вклопува во однапред нарачаната пресуда, затоа што таа е донесена на прес конференција на 5.12.2023 година од страна на Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски.

Доживотната робија ниту ме плаши, ниту влијае на мене, рече тој.

Обвини и дека за неговата листа на докази Судот пристрасно констатрал и донел одлука дека доказите кои се во негова корист не можел да ги изведува затоа што веќе биле изведени.

-Тоа не е точно, затоа што без согласност од обвинетиот, судијата дозволи да се читаат наслови и датуми на докази и да се прокоментираат со една реченица, без да се изнесат детали за околности.

Мојот обид процедурално да изнесам детали кои се во моја корист беа одбивани, поради што ќе барам изземање.

Без моја согласност во погрешен контекст се прочитаа сите 54 вештачења, а Судот одби и јас да ги изведам истите вештачења затоа што се во моја корист. Тоа е причина за барање за изземање.

Од претседателот на Кривичен суд барам изземање на претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски поради пристрасност, во нова околност.

Минатиот пат беше за неиздавање наредба, а сега за оневозможување на фер и рамноправна одбрана, затоа што ја злоупотребува позицијата и дискреционите права, рече Палевски.

Неговото барање беше одбиено и против истото не е дозволена жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е најден пиштолот на обвинетиот Боре Видевски

Одбраната на Палевски побара и во судот физички да биде донесена чаурата најдена во близина на местото каде што е пронајдено телото на Жежовски и со дополнително вештачење да се утврди дали таа евентуално е испукана од пиштолот што со дозвола го поседувал обвинетиот Боре Видевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски тврди дека бил во банка на денот кога е убиена Вања, но според Обвинителството, неколку часа по нејзиното убиство

На денешното рочиште исто така не беа презентирани снимки со кои одбраната на Палевски сакаше да докаже дека Палевски денот кога е убиена Ѓорчевска бил во банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кога ќе се испрашуваат обвинетите за убиството на Вања и Панче?

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Наке Георгиев, кој е кандидат за член на Судскиот совет

Редакција

Македонските граѓани во Либан да ја напуштат земјата, повика Османи

Редакција

Кој е Зарко Милошевски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција