еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари потпиша Меморандум за соработка со Словачка: Нова ера на телемедицината и е-здравството

Со цел модернизација на здравствениот систем, министерот за здравство Арбен Таравари, потпиша Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Република Словачка, со акцент на електронското здравство и телемедицината – две клучни области за иднината на здравствените услуги, информираа од Министерството за здравство.

Министрите Арбен Таравари и Камил Шашко, во Братислава потпишаа договор, со кој се зајакнува билатералната соработка во медицинските иновации, размена на експертиза и обука на здравствени работници.

Меморандумот е со цел модернизирање на дигиталната здравствена инфраструктура, олеснување на медицинските консултации од далечина и подобрување на пристапот на пациентите до медицинските услуги.

„Ова е голем чекор кон попристапен и поефикасен здравствен систем. Партнерството со Словачка ќе ни помогне да имаме корист од нивното искуство и напредната технологија во е-здравството и телемедицината,“ истакна министерот Таравари по церемонијата на потпишување.

Оваа соработка ги отвора вратите за конкретни проекти, кои ќе донесат иновативни технологии во здравството, подобрување на грижата за пациентите и подготовка на здравствените работници за предизвиците на дигиталната ера, посочуваат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопјанецот“ Димитров, за грчките медиуми не сме веќе БЈРМ, сега сме само „Скопје“, а Македонците се „Скопјани“

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 154 лица, приведени 130

Редакција

Во Србија утре избори за Национални совети на националните малцинства, меѓу кои и на македонското

Редакција