еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Масовни протести во Истанбул откако беше уапсен градоначалникот Имамоглу

Откако на 19. март беше уапсен градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, во градот секојдневно има масовни протести, на кои учестуваат стотици илјади граѓани, а полицијата реагираше и со насилство.

Имамоглу, најголемиот конкурент на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, е дел од истрага заедно со околу 100 други осомничени за наводна криминална организација, поткуп, проневера, манипулација со тендери и незаконско стекнување лични податоци.

На градоначалникот на Истанбул истовремено му е одземена и универзитетската диплома, која му е неопходна за да има право да води партија како претседател.

Протестите според најавите ќе се шират и во други градови меѓу кои и Адана, Анкара, Анталија, Ајдин, Баликесир, Бурса, Денизли, Ескишехир, Измир, Маниса, Мерсин, Мугла, Текирдаг…

Видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саниран е дефектот на водоводната цевка, кој остави голем дел од Центар без вода

Редакција

Хрватскиот претседател Милановиќ: Тоа што го бара Бугарија од Македонија е влегување во интимен простор и тоа не се прави

Редакција

Засега нема македонски државјани кои побарале помош поради големите шумски пожари на Родос

Редакција