еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Видео) Нечовечко однесување на навивачите на Шкендија за време на молкот за загинатите во Кочани, ФФМ најави дисциплинска за клубот

Јавноста е згрозена од нечовечкото однесување на навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија за време на денешниот натпревар во Тетово со Брера од Струмица.

Пред почетокот од натпреварот тие наместо да ја испочитуваат предвидената минута молчење во чест на фудбалерот Андреј Лазаров и останатите жртви од трагедијата во Кочани, пееја песни за УЧК, скандираа и исвиркуваа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За херојството на фудбалерот Лазаров, кој загина спасувајќи настрадани во пожарот во Кочани, пишуваат и светските медиуми

Остра реакција стигна од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од каде порачаа дека за вакви нелуѓе нема место во фудбалот., а за клубот е отворена дисциплинска постапка.

-Фудбалската федерација на Македонија отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.

Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.

Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од таму.

Фото/видео: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 26, најмладиот пациент имал 30 години

Редакција

(Фото) Кога Французин ја сака Македонија: Заљубен е во Охрид, доаѓа кон крајот на летото и го чисти езерото

Редакција

Тие во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се, вели Стојков за забраната за отварање на македонскиот клуб

Редакција