еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Пукал и објавил видео на Фејсбук: Приведен жител на Црнилишта, полицијата трага по син му

51-годишниот Џ.Ќ. од селото Црнилиште, Општина Долнени е приведен откако на Фејсбук објавил видео како прво пука со пушка, а потоа и со пиштол.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека трагаат и по неговиот син, А.Ќ..

Кај Џ.Ќ. бил извршен претрес и се пронајдени неколку парчиња на оружје, за кои имал дозвола

Пронајдена е полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор, инсталиран во домот.

Истото е одземено поради сомнение за извршено кривично дело од членот 288 од Кривичниот законик, во кој е санкционирано делото предизвикување општа опасност.

За него ќе следува и постапка за одземање на дозволата за поседување оружје.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кризата со гасот ќе се продлабочува: САД притискаат Европа да забрани увоз на руска нафта, Русија се закани дека ќе ги затвори вентилите до Германија

Редакција

Собранието не работело од почит кон трагедијата во Кочани, велат од таму по реакциите во јавноста

Редакција

(Фото) Наместо со македонското, вицепремиерот Меџити на државна сметка во ОН се сликаше со албанското знаме

Редакција