еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Стартува „One stop shop“ со Косово на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

Денеска стартуваше „One stop shop“ со Косово, на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се започнува со едно ново, современо и прагматично поглавје на меѓусебната соработка.

„Заедничкиот премин, организиран според принципот „One stop shop“, значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо двојно губење време, еден увид наместо две одделни контроли. А за граѓаните, тоа значи повеќе време за семејството, за работата, за животот,“ изјави Мицкоски.

На отворањето на граничниот премин присуствуваше и косовскиот премиер Албин Курти.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО се повлекува од Авганистан, по 19 години се „враќаат“ и македонските војници

Редакција

Заев за Дојче Веле: Разговаравме со Спасовски за оставка како морален чин, но не гледам пропуст

Редакција

Собранието ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии„ со Бугарија

Редакција